Инфраструктурата- врвен приоритет за развој на Југоисточниот регион
Долгорочната стратегија за развој на македонските региони се темели на предходно подготвени програми кои ги работат центрите за развој. Југоисточниот регион е предмет на обработка на тимот кои ги синтетизира мислењата на локалната самоуправа, владата и граѓаните...

Патната инфраструктура останува на врвот на приоритетите за развој на Југоисточниот регион. Општините ја усвоија петгодишната стратегија 2015-2019 која содржи над 200 проекти од шест области. Југоистокот ќе ја подобрува бизнис климата, културата, образованието, социјалата, земјоделството и животната средина помогнат од Европската унија, германската и швајцарската влада.
По скопскиот, струмичкиот плански регион е втор најразвиен во Македонија со просечна плата од 250 евра. Од ресорното министерство велат дека стратегијхата ќе помогне за уште понмошно зајакнување на еконимијата.
Програмата која ја подготви Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, е резултат на соработката меѓу општините, центрите, владините институции, но и граѓаните.
Вакви стратегии се подготвуваат и во другите делови од Македонија за создавање солидна основа за рамномерен регионален развој.
Катерина Давчева
