Продолжува големиот интерес за вработување во МВР
За оние кои ќе го поминат овој физички тест со склекови, и трчање над 3 километри ќе следува и образовна, психолошка и здравствена проверка специфични за безбедносните сили...

Со проверка на физичката подготвеност започнаа тестирањата на кандидатите за полицајци во Центарот за обука. За многумина се чини дека 60 стомачни беа голем предизвик.
„Воопшто не е лесно да се поминав вежбите... Се пријавив на овој конкурс бидејќи ме влече уште од малечок да бидам полицаец. Се спремавме, еве тука сме на вежбите, ги поминавме стомачните, ќе видиме како ќе биде... Ако поминам се, се надева на работа. Направив 17 згибови, 60 стомачни, а сега остануваат склековите...“, велат кандидатите за полицајци.
За оние кои ќе го поминат овој физички тест со склекови, и трчање над 3 километри ќе следува и образовна, психолошка и здравствена проверка специфични за безбедносните сили.
„Очекуваме и овој пат да направиме квалитетна селекција, односно да ги избереме оние што навистина отскокнуваат по квалитетот во однос на другите пријавени кандидати“, истакна министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
За 400 места се пријавиле безмалку 3.300 кандидати – меѓу нив 570 девојки кои својата иднина ја гледаат во полициските редови.
Сите се бодуваат, а само најподготвените по нова година ќе ја започнат обуката за полицаец.
Миле Ристески
