Банкарските провизии- товар за граѓаните

30.11.2014 17:14

Можеби трошокот е мал, но кога ќе се собере од повеќемина е значаен приход. Банкарските провизии почнуваат да стануваат товар за граѓаните. Во обид на креативен начин да заработи, една банка во Македонија на своите клиенти почна да им наплаќа и проверка на состојба на сметка на нејзин банкомат...

Членарини, високи провизии за доцнење со уплата, провизии за кои претходно немало никакаво известување. Банките редовно воведуваат нови давачки за банкарските услуги. Граѓаните, некои упатени некои помалку информирани, како да  не ги засега што ќе треба да платат, и што им е одбиено од нивната банкарска сметка без претходно да бидат информирани.

Според адвокатите, доколку незаконски се наплаќаат средства граѓаните ќе можат во судски спор тие пари да ги бараат со камата.

Банкарскиот сектор е регулиран според законот на НБРМ. Банките немаат право да наплатуваат  од клиентите  доколку тоа не е регулирано законски, велат адвокати кои ги консултираше МТВ.

Според податоците на Народната банка за работата на комерцијалните банки граѓаните и компаниите минатата година платиле рекордни 406 милиони евра за камати и за провизии или 15 милиони евра повеќе од 2011-та година.

 

Дијана Ценевска