Неизвесни избори во Молдавија

30.11.2014 17:35

Аналитичарите велат дека победата е неизвесна и дека постои голема борба меѓу проевропските и проруските партии. Според последните анкети во благо водство се проевропски ориентираните граѓани...

Граѓаните на Молдавија денеска одлучуваат меѓу Истокот и Западот кој пат ќе го фатат.  3, 2 милиони гласачи ги избираат идните претставници во парламентот. Аналитичарите велат дека победата е неизвесна и дека постои голема борба  меѓу проевропските и проруските партии. Според последните анкети во благо водство се проевропски ориентираните граѓани.
 
„Гласав за Молдавија, за да се ослободиме од проблемите кои ги имаме години наназад. Корупцијата, мафијата тоа е дел од нашиот систем. Се надевам дека ќе победи волјата на граѓаните“, вели Владимир Волонин,  лидер на Комунистичка партија.
 
Непосредно пред гласањето, проруска партија беше исфрлена од гласачкиот список, а Русија забрани увоз на земјоделски производи, при што и нанаесе тежок удар на економијата на една од најсиромашните држави во Европа.