Референдум на три прашања во Швајцарија
30.11.2014 17:39
Според последните истражувања на јавното мислење, сите три предлози нема да бидат одобрени...

Швајцарците гласаат. На референдумот кој е составен од три прашања, граѓаните треба да се изјаснат за воведување построги закони за имиграцијата, за задолжително чување на државните златни резерви и за укинување на даночните олеснувања за странци.
Според последните истражувања на јавното мислење, сите три предлози нема да бидат одобрени.
