Фергусон: Вилсон ја напушти полицијата
30.11.2014 17:42
Во меѓувреме во Фергусон проддолжуваат протестите, додека активистите за човекови прва почнаа седумдневен марш за реформи во полицијата...
Најпопуларниот полицаец Дарен Вилсон, чија што пресуда предизвика бран протести и немири во САД, даде оставка и ја напушти полицијата.
Информацијата ја соопшти неговиот адвокат. Не е познато дали полицаецот ќе го напушти и Фергусон и ќе влезе во програмата за посебна државна заштита.
Во меѓувреме во Фергусон проддолжуваат протестите, додека активистите за човекови прва почнаа седумдневен марш за реформи во полицијата.
„Не ми е грижа за неговата оставка. Тој мора да биде казнет за убиство“, вели демонстрант.