Фудбал - Шпанија

Убиен навивач на Ла Коруња!

30.11.2014 21:00

Навивачот на шпанската фудбалска екипа настрадал или поточно е убиен при тепачка на улиците на Mадрид меѓу фановите на Атлетико и на Ла Коруња...

Пред десетина дена во пресрет на кошаркарски дуел, денеска навивачкото лудило ги мина границите пред фудбалски меч. По истанбулското убиство на навивачот на Црвена Звезда, почина симпатизер на Депортиво Ла Коруња.

Навивачот на шпанската фудбалска екипа настрадал или поточно е убиен при тепачка на улиците на Mадрид меѓу фановите на Атлетико и на Ла Коруња којашто пртетходела на дуелот од Ла лига. 43-годишниот навивач на Депортиво бил фрлен во реката Манзанарес, се здобил со тешки повреди, а доживел и срцев удар. Лекарите го извлекле од водата којашто било многу студена, но во состојба на клиничка смрт од којашто не упеале да го спасат.

Во инцидентот биле повредени 11 лица од кои тројца со убодни рани. И покрај трагедијата натпреварот се одигра. Водечките луѓе на лигата се правдаат дека сакале да го откажат мечот, но дека не успеале да стапат во контакт со никого од Фудбалската федерација на Шпанија.