По бод за Вардар и за Работнички!
Во 17-то коло, Шкендија му фрли петарда на Пелистер и ја оствари најубедливата победа во меѓусебните дуели...

По дваесет дуели и седум години, Вардар и Работнички одиграа натпревар без голови. 0:0, со динамични седумдесет минути, но без многу вистински шанси. Сепак, незадоволни не,а. Затоа што вардарци ќе презимат како лидери, додека романтичарите со серијата од осум триумфи и едно реми, најавија возбудлива шампионска прволигашка пролет.
Во 17-то коло, Шкендија му фрли петарда на Пелистер и ја оствари најубедливата победа во меѓусебните дуели. 5:0 во креација на Вручина, Зеба, Кировски и на двојниот стрелец Имери. Кризата без победа на битолчани трае два ипол месеци и десет натпревари. Последен пат пелистерци го совладаа Тетекс во седмото коло во септември. Отогаш имаат по пет нерешени и порази и гол разлика 1:10.
Конечно, Тетекс ја оствари првата победа и тоа на гости кај Металург со 2:0 со головите на Алвес и на Христов.
Брегалница и Силекс одиграа 1:1, откако гостите водеа со погодокот на Мариќ, а домашната екипа израмни со голот на Здравков. Мрежите мируваа во дуелот Турново – Ренова.
До крајот на фудбалска 2014-та, в сабота ќе се одиграат уште реванш четвртфиналните натпревари од купот, додека првенството ќе продолжи на први март наредната година со последното коло од вториот дел.
Резултати - 17 коло:
Вардар - Работнички 0:0
Шкендија - Пелистер 5:0
Металург - Тетекс 0:2
Брегалница - Силекс 1:1
Турново - Ренова 0:0
Табела:
1. Вардар 38
2. Работнички 35
3. Шкендија 30
4. Силекс 25
5. Металург 24
6. Ренова 23
7. Турново 21
8. Пелистер 18
9. Брегалница 13
10. Тетекс 6
