Теоријата живее!
Првиот услов е исполнет, но за вториот сепак ќе биде потребно чудо...

Математички, и покрај двата пораза од Италија, македонската женска ракометна репрезентација може да дојде до баражот за Светското првенство наредната година. Првиот услов е исполнет, но за вториот сепак ќе биде потребно чудо. И во вториот меѓусебен дуел Исланд ја совлада Италија, вечерва со 27:21 и ја презеде првата позиција со четири бода колку што имаат и аѕурите.
Портади најслабата гол разлика, нашата репрезентација за да стигне до првото место коешто води во плеј – офот за мундијалот во Данска, ќе треба да слави и тоа убедливо во двата меча против Исланд. Во првиот Македонија ќе гостува в среда, додека вториот ќе се одигра в сабота во Скопје.
Група 3
Исланд - Италија 27:21
Исланд – Македонија среда
Македонија - Исланд сабота
Табела:
1. Исланд 4 (+15)
2. Италија 4 (-7)
3. Македонија 0 (-12)
