Водњански лисици и натаму без победа!
Во мечот од осмото коло, водњанци загубија од Фени Индустри со 71:62...

Иако имаа пет позитива во текот на првото полувреме, кошаркарите на Водњански лисици и натаму се единствените без триумф во првата лига. Во мечот од осмото коло, водњанци загубија од Фени Индустри со 71:62. Клучен беше третиот период којшто гостите го добија со 21:11. Со овој триумф кавадарчани се израмнија со по 12 бода со лидерот Куманово кој вчера загуби од Работнички.
Екипата од Градски парк е во групата со четири со по десет бода. Меѓу нив е и Струмица по вчерашниот неочекуван триумф против Кожув, како и МЗТ Скопје Аеродром и Карпош соколи чијшто меч ќе се одигра на 12 декември. Слободен во ова коло беше Гоце Делчев.
Прва лига - 8 коло:
Водњански лисици - Фени Индустри 61:72
Работнички - Куманово 69:60
Струмица - Кожув 66:60
МЗТ Скопје Аеродром - Карпош соколи 12 декември
Гоце Делчев слободен
