Поразот во Париз не е трагедија!
Парижани се поквалитетни и затоа дома славеа со убедливи, 35:24. Се беше јасно по 15 минути игра...

И да не беше кризната ситуација, поразот кај Пари Сен Жермен ќе беше реален и очекуван, па затоа Металург треба да се фокусира на преостанатите три натпревари во ракометната Лига на шампионите, пред се на двата на домашен терен.
Парижани се поквалитетни и затоа дома славеа со убедливи, 35:24. Се беше јасно по 15 минути игра кога Французите направија серија од 6:1. Со уште една од 5:1 го завршија првото полувреме со 19:10. Највисоката предност на домаќинот изнесуваше +14 во 50-та минута, 32:18. Рано загубениот меч беше шанса за иднината на Металург. Минути добија и ги искористија затресувајќи ја мрежата на ПСЖ, Марко Нелоски, Мартин Манасков и Никола Маркоски кој со шест гола беше најефикасен на натпреварот заедно со домашниот ракометар Марко Копљар.
За да се пласира во осминафиналето Металург ќе треба дома да ги совлада Мешков Брест в сабота и Загреб во последното, но и да има среќа никој од конкурентите да не направи изненадувања против Кил и Пари Сен Жермен, а и Ла Риоха како гостин да го совлада хрватскиот првак.
