Скијање - Светски куп мажи
Втора победа на Јансруд за 24 часа!
30.11.2014 23:51
По вчерашниот триумф во спуст, 29-от Јансруд беше најбрз и на првиот супервелеслаом во сезоната...

На норвешкиот алпинец Кјетил Јансруд му одговара канадскиот снег. По вчерашниот триумф во спуст, 29-от Јансруд беше најбрз и на првиот супервелеслаом во сезоната. Вечерва во Лејк Луис, Јансруд беше побрз за 29 стотинки од Австриецот Матијас Маер и за 31 од Италијанецот Доминик Парис.
Со двете победи за 24 часа, Јансруд по стартните четири трки е лидер во генералниот пласман со 36 бода повеќе од минатогодишниот победник на Светскиот куп, Австриецот Марсел Хиршер.
