Скијање – Светски куп жени

Радост за ветеранката Хосп!

30.11.2014 23:53

Австријката Никол Хосп се радуваше на победа во Светскиот куп. 11-та во кариерата ја оствари на вториот слалом сезонава...

По речиси седум години, Австријката Никол Хосп се радуваше на победа во Светскиот куп. 11-та во кариерата ја оствари на вториот слалом сезонава и тоа во американскиот центар Аспен.

Благодарение на најдоброто време во втората трка, 31-годишната Хосп зад себе ги остави Швеѓанката Фрида Хансдотер за 19 стотинки и за речиси секунда, сонародничката Катрин Цетел која остана на првото место во вкупниот поредок со 41 бода предност пред Микаела Шифрин. Американката денеска заврши како петта иако по првата трка имаше најдобар резултат.