Законските измени за минимална плата пред Собранието

01.12.2014 08:41

На дневен ред се и вторите читања од дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки...

Измените и дополнувањата на законите за водите, за социјалната заштита и за минималната плата во Република Македонија, сите во второ читање, се на дневен ред на 24. собраниска седница.
 
Пратенците треба да дебатираат и за предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Европската унија за учество на Република Македонија во Програмата на Унијата Фискалис 2020, како и за дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија во второ читање.
 
На дневен ред се и вторите читања од дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, предлог-законите за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ Инфраструктура Скопје, за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, за затворање на сметките кои се преземени во Управата за јавни приходи од поранешната Агенција за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет, чии иматели се субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва или трговци поединци.