Земјоделствo: Со системи за наводнување против климатските промени

01.12.2014 10:13

Во Mакедонија веќе се чувствуваат климатските промени. Просечната температура пораснала за 0,2 степени, а врнежите се намалиле за 10 милиметри. Од изменетите временски услови најмногу страда земјоделството...

Климатските промени во земјоделството треба да се регулираат со системи за наводнување. Македонија има вода, но е недоволно искористена за повисоки приноси. Постои инфраструктура за 170.000, а се наводнуваат само 30.000 хекатри.

Голем дел од системите се стари скоро 70, а најновите се од  пред 23 години. Владата најави Стратегија за реконструкција, обнова и изградба на нови за следните 10 години за што ќе се потрошат 200 милиони евра.

Приоритетите се заштеда на водата со добивање повисоки приноси. Реализацијата на  системите траба да одговара на реалните потреби  на земјоделците.

 

Методија Трајков