Истекува рокот на Комисијата за мандатни прашања за заземање став за отсуството на пратениците

01.12.2014 10:30

Генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски со писмен извештај му потврди на претседателот Трајко Вељаноски дека 31 пратеник се во оставка...

Утре истекуваат 15-те дена што ги доби Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за заземање став дали пратениците од опозицијата биле оправдано или неоправдано отсутни од Собранието, односно дали ќе им бидат одземени мандатите или само ќе добијат намалена плата.

Генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски со писмен извештај му потврди на претседателот Трајко Вељаноски дека 31 пратеник се во оставка.

Денешната редовна Координација кај спикерот треба да покаже дали во случај на соодветна одлука во Собранието ќе има 82-ца пратеници кои ќе гласаат за одземање на мандатите на нивните колеги од опозицискиот блок.

Опозицијата тврди дека не и е важно како ќе одбере да постапи владејачкото мнозинство. Дури, поттикнува да се прифатат оставките поднесени пред неколку месеци и да се заврши седницата која беше прекината на неопределено време.