„Луфтханза“ повторно блокирана од штрајк на пилотите
01.12.2014 10:49
Откажувањето на летовите ќе погоди повеќе од 150 илјади патници, сопшти „Луфтханза“...

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ откажа 1.350 летови поради штрајкот на пилотите, откако преговорите меѓу нив и раководството на компанијата околу условите за пензионирање не вродија со плод.
Откажувањето на летовите ќе погоди повеќе од 150 илјади патници, сопшти „Луфтханза“.
Штрајкот на пилотите е деветтиот од април. Со штрајкот се погодени кусите и средните летови од 12 часот по локално време до 23 часот.
Подолгите летови на „Луфтханза“, како и карголетовите ќе бидат засегнати утре.
