Тензично во Египет: Протестите се проширија на сите универзитети

01.12.2014 11:04

Полицијата е распоредена пред влезовите и не дозволува протестите да се прошират на улиците...

Расте тензијата во Египет. На речиси сите универзитети во Каиро почнаа протести поради ослободителната пресуда на поранешниот претседател Хосни Мубарак.

Полицијата е распоредена пред влезовите и не дозволува протестите да се прошират на улиците. Затворено е и метрото.