Архив на Македонија: Истекува рокот за компаниите за доставување план за архивски знаци и материјали
Според последните измени на законот за архивски материјал, сите правни субјекти се обврзани од 1 јануари 2015 година да водат деловодник во кој ќе ги запишуваат сите документи кои влегле и излегле во фирмата...

Денеска истекува рокот за компаниите кои до Архивот на Македонија треба да достават план на архивски знаци, листа на архивски материјали и на документарен материјал со рокови за чување.
Според последните измени на законот за архивски материјал, сите правни субјекти се обврзани од 1 јануари 2015 година да водат деловодник во кој ќе ги запишуваат сите документи кои влегле и излегле во фирмата.
Освен фирмите, оваа обврска ја имаат и државните органи, интитуциите, јавните установи и служби, јавните претпријатија, општините и градот Скопје, правните и физичките лица што вршат јавни овластувања, како и приватни, правни и физички лица што самостојно вршат дејност.
Материјалите може да се донесат во архивот или да се пратат електронски и по пошта.
