Застрелани тројца српски дрежавјани во Валенсија
01.12.2014 11:26
Постојат сомнежи дека професионален стрелец ги изрешетал Србите...

Тројца српски државјани се застрелани денеска во источниот дел на Валенсија. Постојат сомнежи дека професионален стрелец ги изрешетал Србите.
Како што пренесуваат шпанските медиуми еден од повредените е тешко ранет во стомак, додека другите двајца поминале со полесни повреди.
По напаѓачот се уште се трага. Српските државјани, стари 36, 38 и 46 години биле застрелани со полуавтоматско оружје.
Според шпанската полиција, постои сомнеж дека се работи за пресметка меѓу криминални групи.
