Васкез- нов претседател на Уругвај

01.12.2014 12:01

Васкез беше кандидат на владеачкиот Широк фронт и го победи противкандидатот Луис Лакање во вториот круг од изборите.

Табаре Васкез е новиот претседател на Уругвај. Васкез беше кандидат на владеачкиот Широк фронт и го победи противкандидатот Луис Лакање во вториот круг од изборите.

„Горд сум што сум дел од овој народ кој денеска ја покажа љубовта кон демократијата, почитувањето и толеранцијата. Многу сум ви благодарен што ми ја дадовте подршката“, изјави Васкез.

Неколку илјади граѓани излегоа на плоштадот во Монтевидео да ја прослават победата на Васкез.