Горивата поевтинуваат за два денари

01.12.2014 12:14

Од полноќ, новата цена на Еуросупер БС95 ќе биде 70 денари за литар, а на Еуросупер БС98- 71,5 денари по литар...

Малопродажните цени на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98, Еуродизел и екстра лесно масло за домаќинство се намалуваат за 2 денaри по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ, новата цена на Еуросупер БС95 ќе биде 70 денари за литар, а на Еуросупер БС98- 71,5 денари по литар.

Новата цена по која ќе се точи литар дизел гориво ќе изнесува 60 денари.

Ова е најниската цена на дизел горивото во последните неколку години.