Полицијата откри мигранти од Авганистан- ги превезувал скопјанец

01.12.2014 12:18

На патниот правец Гевгелија-Скопје при контрола на возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички полициските службеници откриле 4 лица илегални мигранти од Авганистан...

36-годишен скопјанец превезувал илегални мигранти, но бил откриен од полицијата вчера попладне.

На патниот правец Гевгелија-Скопје при контрола на возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички полициските службеници откриле 4 лица илегални мигранти од Авганистан.

Тие биле префрлени во прифатниот центар за странци, а против скопјанецот ќе биде поднесена кривична пријава за шверцување мигранти.