Тетовските гимназијалци ја бокотираат наставата- бараат поголема безбедност

01.12.2014 12:23

Учениците заедно со нивните родители изутрината се собрале во дворот на училиштето на краток протест барајќи да се зголеми безбедноста во училиштето...

Учениците кои посетуваат настава на македонски јазик во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ денеска ја бојкотираат настава, во знак на протест поради нападот врз нивниот соученик, кој во петокот беше прободен со нож од страна на друг тинејџер кој дошол во школскиот двор.
 
Учениците заедно со нивните родители изутрината се собрале во дворот на училиштето на краток протест барајќи да се зголеми безбедноста во училиштето.
 
Во петокот попладне, 17-годишно момче – ученик во трета година во гимназијата со нож беше повредено во тепачката во дворот на објектот.
 
Во тепачката уште три малолетни лица се здобија со полесни телесни повреди.