Финансиска полиција: Измамници со фалсификувани ДДВ пријави проневериле 95 илјади евра

01.12.2014 13:03

Организатор бил 34-годишен скопјанец кој откако разработил шема за поврат на ДДВ, ангажирал две лица, социјални случаи на кои за одредена сума им регистрирал фирми...

Финансиската полиција откри нова тричлена група измамници која преку поднесување фалсификувани пријави за ДДВ до Управата за јавни приходи инкасирала над 95 илјади евра по основ на поврат на Данок на додадена вредност.

Организатор бил 34-годишен скопјанец кој откако разработил шема за поврат на ДДВ, ангажирал две лица, социјални случаи на кои за одредена сума им регистрирал фирми.

Преку нив биле прикажувани лажни податоци за наводно извршени набавки на стоки и услуги. Против тројцата осомничени, финансиската полиција до јавното  обвинителството поднесе кривична пријава за измама, поттикнување, фалсификување и уништување деловни книги.