Иван - првото бебе во 2014

01.01.2014 11:55

Првото бебе – машко ...

2014-та ќе биде година на мажите, барем ако се суди по првороденото дете.  Иван Чолаков минута по полноќ дојде на овој свет. 

За семејството Чолакови ова е втора радост.

-Второ машко. Првото е Христијан, 3 години. Сега Иван. – Како поминавте на породување? – Одлично, со супер доктор, со супер тим, одлично поминавме. – Очекувавте дека ќе се породите на Нова година? - Да, на некој начин претчувствував – изјави мајката на Иван, Оља Чолакова.

За малиот херој, 20 илјади денари на штедна книшка од градот Скопје, златник и уште 5.000 денари од министерот Спасов.

-Ова е добар знак за годината. Прво, па машко велат. Сметам дека цврсто ќе газиме на реализацијата на проектите што ни се зацртани и она што ни е планирано и предвидено за 2014-та година. Се надевам дека ќе ни биде успешна и бериќетна оваа 2014 година, рече градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

-Првото третородено дете е родено во Велес. Би сакал на родителите да им честитам за новороденото трето дете коешто ќе добие парична помош од државата, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов

На клиниката за гинекологија минатата година се родиле 6.000 бебиња.

Во новогодишната ноќ на Клиниката за гинекологија се родени осум бебиња. 4 момчиња и 4 девојчиња. Екипата на МРТ им посакува долг и среќен живот и секогаш да бидат гордост на своите родители. 

Новинар: Анита Димитријевска

Снимател: Александар Касапинов