Градежните компании од регионот заеднички ќе настапуваат на традиционалните пазари
01.12.2014 13:21
На средбата во Белград паднал договор фирмите од Србија, Македонија, Хрватска и БиХ да формираат конзорциуми за поуспешен настап на меѓународни тендери...

Градежните компании од регионот заеднички ќе настапуваат и организирано ќе се враќаат на традиционалните пазари: Блиски Исток, Северна Африка, Ирак, Заливските земји.
На средбата во Белград паднал договор фирмите од Србија, Македонија, Хрватска и БиХ да формираат конзорциуми за поуспешен настап на меѓународни тендери и добивање банкарска гаранција, што сега е најголем проблем.
Веќе ги нема големите градежни фирми со 12 илјади вработени, а сега најголемата македонска компанија од овој сектор, Гранит има 1.600 вработени.
