Трета кривична пријава за поранешниот градоначалник на Охрид
01.12.2014 15:18
Незаконски дозволил закуп на 308 паркинг места со што на закупецот му овозможил бесправно да заработи над милион и 300 илјади денари...

Нова, трета по ред кривична пријава за екс градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Овојпат се товари за злоупотреба со тендерите за паркиралиштата во градот.
Незаконски дозволил закуп на 308 паркинг места со што на закупецот му овозможил бесправно да заработи над милион и 300 илјади денари.
Со претходните две тој се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување, за перење пари и за поткуп.
Неодамна беше уапсен со уште 14-мина негови општински соработници, а доби и 30-дневен притвор.
