Европски совет: Туск ја презеде функцијата од Ван Ромпуј
01.12.2014 15:37
Излез од економската криза и подобрување на односите со САД ќе бидат на врвот на нашата агенда, додаде Туск...

Поранешниот претседател на Полска, Доналд Туск ја презеде функцијата претседател на Европскиот Совет од Херман Ван Ромпуј. Во говорот Туск вети дека ќе ги брани европските вредности од непријателите на ЕУ.
Излез од економската криза и подобрување на односите со САД ќе бидат на врвот на нашата агенда, додаде Туск.
Во меѓувреме земјата е под блокада. Неколку илјади работници излегоа на генерален штрајк против владините мерки за продолжување на рокот за пензионирање, и намалување на социјалната помош, која најмногу ќе ги погоди сиромашните семејства.
Штрајкот предизвика прекин во меѓународниот железнички сообраќај.
