Туск пред најголемиот европски предизвик- ќе треба допрва да се докаже!

01.12.2014 16:32

Успешното балансирање меѓу истокот и западот, северот и југот е кратктеристика на искусните политичари, сметаат долгогодишните аналитичари на сосотојбите во Унијата, а Туск допрва ќе треба да се докаже...

Поранешниот полскиот премиер, Доналд Туск денеска и официјално ја презема челната позиција на Советот на Европската Унија. На неговото ново работно место го пречека довчерашниот прв човек на оваа врвна европска институција, Херман Ван Ромпуј, симболично предавајќи му го златното звоно. Како никогаш порано, Европа се наоѓа пред големи предизвици со кои новиот претседател на Советот на Европската Унија ќе треба да се соочува.

Тука во прв ред се односите со Русија, украинската криза, економската и енергетската криза. Успешното балансирање меѓу истокот и западот, северот и југот е кратктеристика на искусните политичари, сметаат долгогодишните аналитичари на сосотојбите во Унијата, а Туск допрва ќе треба да се докаже- велат тие.

„Ова е еден од неговите главни  предизвици и треба да видиме. Станува збор за прашање на компромис меѓу Комисијата, т.е. г-цата Могерини и секако Советот, чија позиција ја преставува. Знаете дека Европската унија функционира врз основа на компромис. Тоа е златно правило. Секогаш треба да се најде решение кое ќе одговара на сите 28 земји. Секако и како ќе ја покаже неопходната ангажираност да  почитува и една друга нееднаковост, која е исто така многу важна, а тоа е меѓу еврозоната и земјите кои не се дел од еврозоната“, смета аналитичарот Вангелис Димитрис.

Меѓу бриселската политичка елита е познат фактот дека Доналд Туск се смета за близок соработник на германската канцелрака Ангела Меркел.

На денешниот прв работен ден тој  оставри средба и со председателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер. До Советот е доставен новиот предлог на евопскиот буџет за 2015-та, подготвен од страна на Европската Комисија, а за кои лидерите на државите членки ќе треба да ги усогласаат своите ставови во текот на следната недела.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ