Да се почитуваат препораките против аерозагадувањето!

01.12.2014 16:40

Штетните честички во воздухот во главниот град мируваат на параграфот – ниско. Сепак, надлежните не отстапуваат од пораките за почитување на препораките кои треба да го намалат загадувањето. Градот ќе интервенира ако нивото стане алармантно...

И покрај тоа што деновиве штетните честички во воздухот се намалија, надлежните остануваат на апелот да се почитуваат препораките за да се стави крај на аерозагадувањето. Во изминатите денови, мерните станици регистрираа ниска загаденост во Скопје и во Кичево, а повисока во Тетово. Од сите нас зависи каков воздух ќе дишеме, вели министерот за животна средина, Нурхан Изаири.

„Дали секој член од вашето семејство ќе се вози со посебен автомобил без еуро стандарди зависи од вас, не од нашето министерство. Ако автомобилите ги оставите дома ќе имаме помало загадување на воздухот“, нагласува Изаири.

Тим од повеќе сектори во комитетот за животна средина  работи на подобрување на состојбата со квалитетот на воздухот. Градоначалникот Трајановски вели дека  е подготвен да интервенира ако нивото на загаденост стане аларманто.

„Ја следиме состојбата и треба да се создадат услови за дејствување на калциумот и кога ќе се созздадат услови ние сме подготвени да дејствуваме“, вели Трајановски.

Да се користи јавен превоз наместо автомобил, да се одбегнуваат долгите прошетки на отворено се само дел од мерките за да се заштити здравејто.

Иако челичарницата во Макстил е во мирување, во главниот град сеуште се чуствува  загаденоста во воздухот. Мерните станици покажуваат дека пм честичките најмногу го надминуваат прагот во Лисиче и во Центар.

 

Викторија Тодоровска