Американска компанија од автoмобилскиот сектор ќе инвестира во Македонија
Министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, во емисијата Бизнис 365 открива дека американска компанија од автомобилскиот сектор е пред финална одлука за инвестирање во Македонија...

Нова американска компанија од автомобилската индустрија ќе инвестира во Македонија- открива за МРТ, министерот за привлекување инвестиции, Веле Самак.
„При крај се преговорите со американска компанија од автомобилскиот сектор. Оваа компанија беше присутна на Саемот за вработување кој се организираше од Агенцијата за вработување на Република Македонија во Скопје. Има доста позитивен впечаток и анализа од бројот на пријавени и заинтересирани кандидати и се во финален процес на носење одлука и се надеваме дека ќе биде тоа позитивна одлука за Македонија“, изјави министерот Самак за емисијата Бизнис 365.
Повеќе на оваа тема гледајте во емисијата Бизнис 365.
