Пронајден машки труп во Вардар кај Велес

02.12.2014 08:48

Според МВР, пронајдениот машки труп бил во распаѓање, а по барање на Јавен обвинител од Велес е предаден на обдукција...

Пронајден е машки труп во месноста Кораб близу вливот на реката Бабуна во Вардар. Телото го пронашло лице од Здружението на  спортски риболовци „Бабуна“. 
 
Според МВР,  пронајдениот машки труп бил во распаѓање, а по барање на Јавен обвинител од Велес е предаден на обдукција во Судска медицина во Скопје.
 
Во велешко годинава како исчезнати се водат три лица.