Отсуствата на пратениците на собраниска Комисија

02.12.2014 11:04

Доколку биде усвоена предлог- одлука на денешната седница на Комисијата, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски треба да ја стави на дневен ред на првата наредна седница...

Дали е оправдано отсуството на пратеник во оставка? Дилемата се очекува да ја разреши собраниската Комсиија за деловнички и имунитетни прашања. Ќе расправа околу процедурата за одземање на мандатите на 31 народен избраник од опозицијата.

Комисијата ќе заседава согласно членот 59 од Деловникот на Собранието и согласно членот 65 од Уставот на Република Македонија.

Доколку биде усвоена предлог- одлука на денешната седница на Комисијата, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски треба да ја стави на дневен ред на првата наредна седница.

Пред две недели на координативната средба во Собранието, генералниот секретар Жарко Денковски го достави извештајот за отсуствата на пратениците, по што Комисијата за мандатно-имунитетни прашања беше задолжена да предложи заклучок.