Тинејџер повреден со нож во близина на „Сити Мол“

02.12.2014 11:11

Родителите на децата како и нивни другари очевидци, сведочеле дека избила тепачка помеѓу неколку момчиња од оваа населба кои биле нападнати од група момчиња, поради сообраќаен прекршок...

На улицата „Разловечко Востание“ во скопската населба Карпош 4, кај трговскиот центар „Сити Мол“, синоќа околу 20 часот се степале две групи момчиња, по што еден од тинејџерите бил пренесен со расекотини на лицето во градската болница „8 Септември“.

Родителите на децата како и нивни другари очевидци, сведочеле дека избила тепачка помеѓу неколку момчиња од оваа населба кои биле нападнати од група момчиња, поради сообраќаен прекршок.

Според изјавите, лицата од Чаир возеле во спротивна насока на што реагирале момчињата од Карпош по што настанала тепачката.

Во тек е полициска потрага бидејќи сторителитепобегнале од местото на инцидентот.