Кошарка НБА
Филаделфија поразена по 17 пат, на чекор до најлошиот старт во НБА историјата
02.12.2014 11:13
Филаделфија е меѓу 4 екипи во историјата кои имале 17 порази на стартот и тоа Мајами во сезоната 1988 /89, ЛА Клиперс десет години потоа, а Њу Џерси се “рекордери“кои во 2009 /10 имаа 0 – 18...

Кошаркарите на Филаделфија загубија од Сан Антонио со 103 : 109 и по 17 натпревари сеуште се без победа сезонава. Иако шампионот настапи без двајца од големото трио Данкан и Паркер, на сцена стапи Каваи Ленард со 26 поени и 10 скокови. Покрај МВП кошаркарот на минатогодишното финале, за четвртата по ред победа на “Спарс“ придонесоа Бејнс со 15 поени и Џинобили и Џозеф со по 14, за делба на 3 место на западот со однос на победи и порази од 13 – 4. Филаделфија е меѓу 4 екипи во историјата кои имале 17 порази на стартот и тоа Мајами во сезоната 1988 /89, ЛА Клиперс десет години потоа, а Њу Џерси се “рекордери“кои во 2009 /10 имаа 0 – 18. Со нов неуспех во следното коло во Минесота “76 ките“ би можеле да го израмнат неславниот рекорд на “Нетс“.
За разлика од нив, екипата на Вашингтон одржува чекор со источниот лидер Торонто по убедливата победа над Мајами 107 : 86 за вкупни 11 - 5. Резервистот Батлер беше најефикасен со 23 поени а одличен учинок имаа и Вол со 18 поени и 13 асистенции, како и полјакот Гортат со 15 поени и 10 скокови. Кај гостите кои се седми со 9 – 8 во односот победи и порази Бош заврши со 21, а Вејд со 20 поени.
Во егзибициски меч ЛА Клиперс ја декласираа Минесота со 127 : 101, а победата ја најавија на полувремето кога имаа 15 предност која по третата четвртина беше 33 позитива. Грифин и Редик постигнаа по 23 поени за 5 едноподруго победа на Клиперс кои се седми на западот со 12 – 5, а Минесота останува при дното со 4 – 12. Во најнеизвесниот дуел утринава, Денвер славеше во Солт Лејк Сити над Јута 103 : 101 предводен од Лоусон со 18 поени, а кај домашните
Бурк имаше 15 и 8 асистенции. Тоа беше 9 победа за екипата на Денвер која има и 8 порази со кои се на делба на 9 позиција во Западната конференција, а Јута е меѓу најслабите три досега со 5 – 13.
