МОБ со Новогодишен, а Македонската филхармонија со Божиќен концерт од следната година

02.12.2014 12:20

И Новогодишниот и Божиќниот концерт ќе бидат пренесувани во живо на Македонската телевизија...

Македонската филхармонија од следната 2015-та година ќе почне со реализација на Божиќен концерт кој ќе се одржува секој 7-ми јануари во Македонскиот народен театар.

Македонската опера и балет, пак, секој 1-ви јануари во вечерните часови ќе реализира Новогодишен концерт.  

„Сигурна сум дека овие два настани ќе бидат вистинско уживање за сите љубители на класичната музика и дека несомнено на овој начин ќе се збогати културната понуда за нашите граѓани, за време на новогодишните и божиќните празници“, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска.

И Новогодишниот и Божиќниот концерт ќе бидат пренесувани во живо на Македонската телевизија.