Исламистите планираат бомбашки напади за време на Божиќните празници

02.12.2014 12:23

И американското Министерство за внатрешна безбедност потврди дека цел на Исламистите се американските војници во Ирак и во Сирија...

Исламските терористи планираат бомбашки напади на авиони на големите аеродроми за време на Божиќните празници, дознава британски Сандеј експрес од разузнавачки извори. Властите планираат забрана на рачниот багаж.

И американското Министерство за внатрешна безбедност потврди дека цел на Исламистите се американските војници во Ирак и во Сирија.

Инаку, либанската армија соопшти дека ги уапсила една од сопругите и еден од синовите на водачот на Исламска Држава, Ал Багдади.

Операцијата била во соработка со странските разузнавачки служби, соопштија властите.