Премиерот Груевски ќе се сретне со заменик-претседателката на Виетнам

02.12.2014 11:54

По средбата најавено е потпишување на Договорот за економска соработка меѓу двете држави...

Премиерот Никола Груевски денеска ќе оствари средба со заменик претседателот на Социјалистичката Република Виетнам, Нгујен Ти Доан, која престојува во посета на Македонија.
 
По средбата најавено е потпишување на Договорот за економска соработка меѓу двете држави. Договорот ќе го потпишат македонскиот министер за економија Беким Незири и заменик министерот за индустрија и трговија на Виетнам, До Танг Хаи.
 
Предвидено е и потпишување на Спогодба за укинување визи за носителите на дипломатските и службените патни исправи. Од македонска страна спогодбата ќе ја потпише заменик-министерката за надворешни работи Драгана Кипријановска и нејзиниот колега Ву Хонг Нам од Виетнам.