Турција и Русија ќе соработуваат против ИДИЛ

02.12.2014 12:33

Рускиот претседател Путин изјави дека Москва не сака хаос и јакнење на терористичките групи во Сирија, додека неговиот турски домаќин Ердоган го критикуваше сирискиот режим...

Турција и Русија се договорија да соработуваат во борбата против Исламска Држава, иако признаа дека имаат различни ставови за сирискиот конфликт. Рускиот претседател Путин изјави дека Москва не сака хаос и јакнење на терористичките групи во Сирија, додека неговиот турски домаќин Ердоган го критикуваше сирискиот режим.

„Некои кругови уште се противат на поразот на Асад. Велат – нема да биде подобро. Но не е вистина. 300 илјади Сиријци беа убиени, а милиони ја напуштија земјата“, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Двајцата претседатели се согласија дека мора да се најде решение, но проблемот е како.