САД: Нови стандарди за федералната полиција
Претседателот Обама синоќа побара од Конгресот 263 милиони долари за дополнителна обука и телесни камери со кои треба да се врати довербата во полицијата...

САД ќе воведат строги нови стандарди за федералната полиција, кои ќе му стават крај на расното профилирање, објави американскиот државен обвинител во обид да ги смири тензиите по минатонеделните насилства во Фергусон.
„На нашата полиција не смее да се гледа како на окупаторска сила на заедниците на коишто им служи“, изјави Ерик Холдер, државен обвинител на САД.
Претседателот Обама синоќа побара од Конгресот 263 милиони долари за дополнителна обука и телесни камери со кои треба да се врати довербата во полицијата. Во САД продолжуваат масовните протести поради убиството на црномурестиот Мајкл Браун од страна
