Јогуртот - превенција за дијабетес тип 2
02.12.2014 12:44
Сепак конзумирањето јогурт не е „волшебно стапче“ и здравата исхрана е пресудна за одржување на препорачаната телесна маса и редуцирање на ризикот за заболување од дијабетес тип 2...

Научници од Универзитетот Харвард тврдат дека секојдневното конзумирање јогурт е поврзано со просечно 18 отсто помал ризик за дијабетес тип 2.
Сепак конзумирањето јогурт не е „волшебно стапче“ и здравата исхрана е пресудна за одржување на препорачаната телесна маса и редуцирање на ризикот за заболување од дијабетес тип 2.
Истражувањето е извршено врз околу 51 илјада мажи и 238 илјади жени, од кои околу 15 илјади имале дијабетес тип 2. Истражувачите додаваат дека внесувањето на останатите млечни производи не било поврзано со ризикот за дијабетес тип 2.
Едно од можните објаснувања за добиените резултати се однесува на влијанието на пробиотиците од јогуртот, односно, нивното влијание на редуцирањето на воспалителните процеси и подобрување на функциите на хормоните клучни за контролирање на апетитот.
Дијабетесот тип 2 е нарушување на метаболизмот, а го карактеризира зголемено ниво на гликоза во крвта. Вообичаени симптоми се зголемена жед, често уринирање и постојана глад, при што дебелеењето се смета за најголем причинител на таа болест кај луѓето кои се со генетски предиспозиции за истата.
