ФЗОМ потпиша Меморандум за соработка со Агенцијата за акредитација
02.12.2014 12:56
Оние болници кои ќе бидат акредитирани, ќе бидат стимулирани од Фондот за здравствено осигурување...

До крајот на годинава болниците ќе можат да аплицираат за акредитација. Фондот за здравствено осигурување потпиша Меморандум за соработка со Агенцијата за акредитација. Целата е пациентите да добиваат поквалитетни здравствени услуги.
На овој начин ќе се овозможи да има повисоко ниво на квалитет во болниците и заштита на пациентите. Акредитациите ќе ги добиваат на една, три или пет години.
Оние болници кои ќе бидат акредитирани, ќе бидат стимулирани од Фондот за здравствено осигурување.
Во фтората фаза на акредитација ќе бидат опфатени и примарните здравствени установи.
