Комисијата донесе предлог- одлука за одземање на мандатите на отсутните пратеници
За претседателот на Комисијата, Александар Николовски, Деловникот и Уставот мора да се почитуваат и за прашања што се однесуваат на неправданото отсуство на пратениците...

Комисијата за деловнички и мандатно- имунитени прашања донесе предлог одлука за одземање на мандатите на 31 пратеник што шест месеци отсуствуваа од работата на Собранието.
ДПА не учествуваше во расправата и гласањето. Според ДУИ, ова е само предлог одлука, а конечниот збор го има Собранието. Од Демократската унија за интеграција се надеваат дека опозициските пратеници ќе се вратат во Законодавниот дом.
За претседателот на Комисијата, Александар Николовски, Деловникот и Уставот мора да се почитуваат и за прашања што се однесуваат на неправданото отсуство на пратениците.
На Комисијата се расправаше и гласаше поединечно за секој пратеник, постапка што мора да ја мине и Парламентот.
