Ракомет

Реалноста не притиска, желбата напаѓа

02.12.2014 13:46

Можноста ја прокоцкавме во двата загубени недозболиво натпревари со италијанките. Точно е и тоа дека ова е период во кој репрезентацијата се создава во од, потребни се простор и време, за кое изгледа се нема трпение...

Македонските ракометни репрезентативки веќе се во Исланд каде утре ќе треба да го одиграат првиот, од двата натпревари со оваа селекција. Треба да се одигра, иако шансите за бараж кој евентуално би одвел на Светски ракометен самит практично се загубени, но некаква теорија постои.

Можноста ја прокоцкавме во двата загубени недозболиво натпревари со италијанките. Точно е и тоа дека ова е период во кој репрезентацијата се создава во од, потребни се простор и време, за кое изгледа се нема трпение. Од другастрана, ако евро квалификациите беа со противнички далеку над нашите можност и високо котирачки во ракометната елита, Русија и Германија, овие планетарните се очекуваше да бидат наши. Но, целата работа се изјалови уште на самиот старт по поразот од Италија дома, за потоа се повтори сликата и каи ним на гости, за следствено дојде смена на селекторот. Е тука можеби одлуката не беше најмудрата, но импулсивноста го реши случајот.

Без стратегија само со конечен став, за утре нашите девојки ги води заменикот, Весиќ, на сменетиот Магдинчев. Држи теоријата, кога екипата нема резултат на отстрел е оној кој ја предводи, но ситуацијата во женскиот Македонски ракомет пишува и се темели на поинаква приказна.

Неисе, со Исланд ќе се бараат две победи и утре таму и за четири дена тука. Ќе биде тешко, ако се погледнат и превирањата во нашиот табор, а уште познчајно е тоа што исланѓанките се во форма, патем во својте редови имаат ракометарки кои своите кариери ги градат по данските клубови, и најважно, двомечот со Италијанките го заокружија со целосен учинок. Ги збришаа и во двата дуели, па сега доколку ние славиме на двапати со Исланд тогаш ќе треба тоа да го направиме со стил, високо и убедливо, бидејќи кругот кога на крајот ќе се затвори, тогаш предноста во гол разликата ја има Исланд. Но, сево ова ќе се есапи само и ако само славиме во следниве 5 дена.

Утре вечер гледаме кој ќе биде епилогот Исланд-Македонија на МРТ Собраниски канал од 19:30.