Ѓорѓиев: Во четврток Саем за вработување во Битола, досега вработени над 160 лица

02.12.2014 15:05

На организиран начин ќе дојде до средба на работодавачите кои имаат потреба од ангажирање работници и на лицата коишто бараат работа...

В четврток над 70 компании ќе се претстават пред битолчани. Од  11 до 14 часот во просториите на Битолскиот театар ќе се одржи Саем за вработување во организација на Агенцијата за вработување.

На организиран начин ќе дојде до средба на работодавачите кои имаат потреба од ангажирање работници и на лицата коишто бараат работа, невработени или лица кои се вработени, а сакаат да се вработат на друга работна позиција. Ќе биде добра можност да ги разменат своите видувања и идеи, работодавачите да ги претстават профилите на работен кадар којшто им е потребен  за ангажирање во работен однос, а лицата кои бараат работа да увидат дали со своето образование и вештини можат да влезат во рамки на  бараниот профил на работен кадар, изјави денеска портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Според обработените податоци од  Агенцијата за вработување на Саемите од ваков тип одржани во Скопје, Штип и Неготино досега биле остварени контакти и дадени над 9.500 лица. Додека со околу 2.500 лица работодавците најавиле дека ќе остварат интервјуа. Над 160 лица веќе се вработиле, информираше владиниот портпарол.