Грците бесни: За дописничката на британски „Сандеј тајмс“ од Атина ние сме Македонија
Бес во Грција предизвика дописничката на „Сандеј тајмс“ од Атина поради употребата на името Македонија во написот поврзан со локацијата на градот Амфиполис. Речиси сите медиуми се свртеа против британскиот весник барајќи да објави податоци дека пред шеесет години краделе артефакти од овој локалитет...

„Амфиполис се наоѓа близу до границата со Македонија“, напиша дописничката на „Сандеј тајмс“ од Атина и предизвика лавина од негативни рекации кај јужниот сосед, јавува дописникот на МРТ од Атина. Грчките медиум критикуваат дека натписот на дописничката бил провокативен и претставувал валкана игра.
„Бес во Грција предизвика натписот на познатата меѓународна новинарка Анти Карасава. Дописничката од Атина за историскиот британски весник пишува дека на почетокот на ноември беше откриен скелет во напуштена структура што формира една од светите одаи внатре во големиот гроб, на 603 км од Атина и близу границата со Македонија“, пишува весникот „Параполитика“, информирајќи дека Карасава пораснала во Њујорк работејќи за американските медиуми и дека нејзините родители се Грци.
Весникот „Стохос“ пак му порача на „Сандеј тајмс“да ја информирал јавноста за наводната кражба на археолошки предмети од Амфиполис од страна на британска експедиција за време на Првата светска војна.
Поради користењето на нашето уставно и историско име реагираше и одговорната за комуникации за ископувањето, новинарката Ана Панадиотареа, која што преку својата фејсбук страница ја обвини дописничката на „Сандеј тајмс“дека ова не и било прв пат да ја доведува Грција во непријатна позиција.
Марија Котовска, постојан дописник од Атина за МРТ
