Македонија и Виетнам потпишаа Договор за економска соработка
02.12.2014 16:12
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, била дадена позитивна оценка за билатералните односи кои се развиваат во духот на почитувањето, а се разговарало за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји...

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со заменик претседателот на Социјалистичка Република Виетнам Нгујен Ти Доан.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, била дадена позитивна оценка за билатералните односи кои се развиваат во духот на почитувањето, а се разговарало за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји.
Особен акцент беше ставен на унапредувањето на економската соработка, за што од големо значење е и денешното потпишување на Договорот за економска соработка помеѓу двете земји, кои заедно со претходно потпишаните Договор за избегнување на заемното оданочување и Договорот за заштита на инвестициите, даваат правна основа за интензивирање на односите на економски план, се вели во соопштението.
На средбата се разговарало и за соработката во областа на образованието, при што била разгледана и позитивно оценета можноста за размена на студенти и стипендирање на студенти од двете земји за студирање на универзитетите од двете земји.
