Регионален развој за раст на економијата

02.12.2014 16:30

Досега се подготвени 29 регионални проекти чија вредност надминува 33 милиони евра. За 5 регионални инфраструктурни проекти преку кофинансирање веќе се обезбедени средства во износ од 11 милиони евра...

Осумте плански региони со Германска и Швајцарска стручна и финансиска помош ќе реализираат инфраструктурни проекти кои се од значење за повеќе општини. Досега се подготвени 29 регионални проекти чија вредност надминува 33 милиони евра. За 5 регионални инфраструктурни проекти преку кофинансирање веќе се обезбедени  средства во износ од 11 милиони евра.

„Да имаме еден поорганизарн пристап за да донаторските средства кои се на  располагање од ИПА и буџетските средства што се алоцираат за оваа цел да го постигнат максималниот ефект“, изјави Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

Во рамките на програмата за регионален економски развој се спроведе и грантова шема која според досегашното искуство претставува иновативен инструмент за подобар квалитет во развојот на регионалните проекти.

Клучните проблеми во македонската економија не се само економски, смета германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

„Тие се поврзани со доброто владеење, така што клучните зборови се ефикасна администрација, добро судство, да нема корупција и да нема недостаток од транспарентност“, смета амбасадорката Алтхаузер.

Секоја година преку јавен оглас се поддржуваат конкретни проекти. Досега се распределени 470 милиони денари буџетски пари за 230 проекти, вели министерот за локална самоуправа Лирим Шабани.

Преку ИПА програмата со 16 милиони евра кофинансирани се 150 проекти.

 

Свето Николовски