На наредната Владина седница ќе се утврди конечниот модел на државен испит
Ресорниот министер ги повика студентите на дебата откако ќе го чујат концептот. Студентскиот пленум најави протест...

Министерот за образование не се откажува од државниот испит кој треба да го подигне квалитетот на високото образование. Студентскиот пленум се спротистави и на оваа идеја. Следната недела ќе организира марш против најавената реформа.
Адеми рече дека не сакал да се сретне со студентите, бидејќи се уште не е донесен финалниот нацрт концепт. Вели, средба ќе нема, ако има условувања .
„Јас сакам да има државен испит сега тие не сакаат, тоа значи дека ние не треба да комуницираме, напротив ние ќе треба да седнеме ние да ги изложиме нашите аргументи и да ги слушнеме и нивните аргументи“, вели министерот Адеми.
За концептот Владата ќе дискутира на наредната седница. Откако ќе се утврди моделот, ќе биде доставен до универзитетите, а студентите можат да дадат свои предлози. Ресорниот министер со апел, студентите прво да го слушнат предлогот па потоа да го дискутираат.
„Ние мораме да ги имаме во предвид интересите и целите и на државата и на општеството ние не сме против студентите, тоа треба да им биде јасно , затоа што се грижиме за студентите“, нагласи Адеми.
Минисерството објави дека наредната акдемска година ќе додели 2.905 стипендии.
Студентите треба електронската апликација да ја достават до 4 декември, а документите од 15- 30 декември да ги поднесат во Министерството за образование.
Викторија Тодоровска
